ЕУ: Европа ќе Биде “Идеално Засолниште” за Мигрантите од “Климатските Промени и Сиромаштијата”!
Сподели на социјалните платформи:

Неизбрани ЕУ бирократи продолжуваат со спроведувањето на Агендата 21 за уништување на “белите” нации. Затоа сите европски народи и новите неизвалкани патриотски политички сили се готват за последната битка, за опстанок!

Европа ќе биде “идеално засолниште за барателите на азил и мигранти” во свет каде што “климатските промени и глобалната сиромаштија” ќе доведат до зголемување на бројот на сиромашните луѓе кои ќе бараат подобри животи на друго место, вели брифингот на ЕУ за разработка на политики.

Со анкетите кои покажуваат дека две третини од 1,1 милијарда население од суб-сахарска Африка – кое се проектира да биде повеќе од дуплирано до 2,5 милијарди до 2050 година – сакаат да се преселат во земјите на ЕУ или во САД, не е јасно како Јункер и другите во Брисел би можеле да веруваат дека илегалната имиграција би можела да биде запрена со воведување на “правни патишта”, освен ако легалната миграција е неограничена по број, што во суштина претставува политика на целосно отворени граници.

“Невидениот бран на нелегални имигранти”, за време на кризата од 2015 година, ја наложи потребата Брисел да ги реформира политиките на блокот за “азил, надворешни граници и миграција”, според Собраниската истражувачка служба на ЕУ (ЕППС).

Во “политичкиот подкаст” насловен како “Известување за граѓаните: прашањето на миграцијата”, ЕППС рече дека Брисел е изготвен за “процес на реформи насочени кон обновување на … [овие] политики” кои вклучуваат наметнување на “силна” политика за азил за земјите низ целиот ЕУ блок беше уште еден од таканаречените столбови, заедно со “обезбедување повеќе законски патишта за баратели на азил и поефикасни законски канали за редовни мигранти”.

И покрај спомнувањето на “обезбедувањето на надворешните граници” и “подобрувањето на враќањето” на илегалните мигранти, јасно е од подкастот на ЕППС и нејзиниот “комплетен брифинг” за политиката на миграција на ЕУ дека Брисел нема намера да ги запира масовните миграциски приливи од третиот свет .

Затоа и после почетното лажење дека ОН Миграцискиот Пакт е необрзувачки, ЕУ потврди дека тој сепак ќе биде правно обврзувачки за земјите членки, вклучително оние кои не го потпишале, како на пример Австрија, Италија и земјите од Вишеградската четворка.

Европа, поради својата географска положба и нејзината репутација како пример за стабилност, великодушност и отвореност во контекст на растечките меѓународни и внатрешни конфликти, климатските промени и глобалната сиромаштија, најверојатно, ќе продолжи да претставува идеално засолниште за барателите на азил и мигранти“, тврдат и извештајот и подкастот.

“Миграцијата е  прашање на политиката на глобално ниво” кое бара “глобално решение”  а дека Брисел се подготвува за зголемена миграција од Глобалниот Југ “покажуваат и зголемените количини, флексибилност и разновидност на финансирање на ЕУ за миграција и политиките за азил внатре како и надвор од тековниот и идниот буџет на ЕУ”, додаваат тие.

Спротивно на јавните тврдења на Брисел дека работат на справување со масовната миграција и нејзините напади како “теорија на заговор” на неодамнешните унгарски предупредувања дека Еврократите се обидуваат да ги зголемат приливите на мигранти во блокот, извештајот на политиката потврдува дека постои “план да се заменат неправилните миграциски текови, кои предизвикаа толку многу страдања и екстремни повреди на човековите права, со законски канали за миграција”.

Како што рече претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во својот говор во 2017 година,”Без Африкански мигранти ЕУ е изгубена”, рече одамна изгубениот Јункер.

Остави коментар